Аргентинскиот фудбалски гигант, Бока јуниорс, објави дека ја тужи Барселона за трансферот на 18-годишниот уругвајски дефанзивец Сантијаго Рамос Минго. Веста ја потврди лично претседателот на клубот, Хорхе Амор Амеал.
„Ќе ја дадеме Барселона на суд за случајот Рамос Минго. Она што се случи беше варварско и остави многу лош впечаток. Мора да одиме на суд затоа што веруваме дека имаме право. Овој играч имаше потенцијал, а ние како да не се прашуваме за ништо“, вели Амеала.
Минго се пресели во Барселона во февруари оваа година.