Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Генар Солскјер, нема да може да го користи капитенот Хари Мегваер на утрешниот меч против ПСЖ на стартот на новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони.
Меѓу фудбалерите кои не заминаа на гостувањето во Франција се вројува и новото засилување, Едисон Кавани. Тоа значи дека Уругавецот кој токму од „паркот на принцовите“ се пресели во редовите на „црвените ѓаволи“ нема да може да игра против неговиот претходен состав.
Тој не е подготвен за настап како и младиот напаѓач, Мејсон Гринвуд кој има повреда на мускулот на ногата. Солскјер за дуелот со ПСЖ ќе ги има на располагање новите членови на тимот, Телес и Пелистри.

