Македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски, откако одби да го напушти составот на Спортинг Лисабон сега ќе мора да игра во резервниот тим.
За македонскиот фудбалер беше заинтересиран рускиот состав Динамо Москва, но, тој одби да си замине од Португалија.
Одлуката на Ристовски да остане по секоја цена, ги налути челниците на Спортинг кои се определија да го казнат и да го префрлат во втората екипа.

