Една од најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот, Самуел Ето, го критикуваше „Франс Фудбал“ дека е вклучен во списокот на кандидати за најдобри играчи на позицијата десно крило.
Триесет и деветгодишниот Камерунец преку социјалните мрежи потенцираше дека неговата улога беше во центарот на нападот. – Благодарам, но, поминав само 1-2 сезони десно додека 25 години бев центарфор. Недостиг на почит од Франс Фудбал, напиша Ето на Твитер.
Црномурестиот голгетер во неговата богата кариера ги носеше дресовите на гигантите: Челзи, Интер, Барселона и Реал Мадрид.