Германскиот весник – „Кикер“ предупредува дека многу натпревари во Лигата на шампионите би можеле да бидат решени на „зелена маса“ со оглед на ситуацијата со Ковид-19 која во голема мерка влијае на спортското живеење.
УЕФА планира 96 натпревари од групната фаза да завршат до 9 декември иако сите свесни дека поради пандемијата со корона-вирусот и мерките што ги спроведуваат Владите во речиси сите земји, тоа е крајно оптимистичка варијанта.
УЕФА инсистира дека секој домаќин мора да алтернативен стадион за одигрување ако треба и во друга земја и да ги покрие трошоците. Доколку тоа не го направи и дуелот не се одигра, тогаш ќе загуби службено со 3-0.

