Шарена ќе биде сликата на стадионите низ Европа додека ќе се реализираат мечевите во Лигата на шампионите.
На некои од нив ќе се игра пред празни трибини поради пандемијата со Ковид-19 додека на помал дел ќе има присусутво на навивачи. Според најавите, денешниот меч меѓу Лајпциг и Башакшехир ќе го следат 999 гледачи. Таа одлука ја донесе локалниот судија по влошување на состојбата со пандемијата.
Бидејќи бројката на заразени во Минхен се зголемува, мечот меѓу Баерн Минхен и Атлетико Мадрид ќе се игра без присуство на публика.

