Денеска започнува ново поглавје во Лигата на фудбалските шампиони во крајно изменети услови со оглед на пандемијата со Ковид-19.
Дел од мечевите ќе се играат пред лимитиран број на гледачи додека на поголемиот дел од стадионите ќе има празни трибини ишарани со различни макети што ги користат тимовите. Баерн Минхен одбраната на титулата ќе ја започне утре против Ателтико Мадрид додека дел од претендентите да му ја одземат денеска ќе ги имаат првите искушенија.
Еве ги комплетните двојки од денешната понуда.
18:55 Динамо Киев-Јувентус
18:55 Зенит-Бриж
21:00 Барселона-Ференцварош
21:00 Челзи-Севилја
21:00 Лацио-Борусија Дортмунд
21:00 ПСЖ-Манчестер Јунајтед
21:00 РБ Лајпциг-Башакшехир
21:00 Рен – Краснодар