Човекот на одлука на синоќешниот меч во Париз од премиерното коло во Лигата на шампионите, Маркус Рашфорд по победата на Манчестер Ј. изјави дека е пресреќен.
„Се разбира, чувствата се пријатни. Што е најважно, победивме. Сега имаме силна позиција во групата, но ова е само првиот натпревар. Нивото на концентрација што го покажавме денес треба да се пренесе на следниот натпревар. На крајот од натпреварот, концентрацијата е најважна за напаѓачот. Може да имате само еден момент, и тој мора да се искористи. ПСЖ има одлични играчи. Беше тешко, но нашите бекови одиграа одлично. Ние сме презадоволни. Одигравме добро и овој натпревар треба да биде основа за нас. Јас секогаш верувам во тимот. Важно е играчите да веруваат во шемата на тренерот“, изјави Рашфорд.

