Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо се уште се надева дека ќе се соочи со Лионел Меси следната недела во натпревар од Лигата на шампиони, пишува „Газета дело Спорт“.
Тој е во карантин со коронавирус во Торино, а неговиот последен тест сепак е позитивен. Ѕвездата на Јувентус денес или утре повторно ќе биде тестиран, а доколку тестот биде негативен, тој има шанса следната среда да игра против Барселона во Лигата на шампионите.
Според протоколот на УЕФА, играчот може да игра ако една недела пред натпреварот нема симптоми на Ковид-19, а Роналдо кој е позитивен на вирусот го поминува асимптоматски од самиот почеток. Тоа значи дека доколку на следниот тест кој ќе му биде направен е негативен, нема да има проблем да настапи за својата екипа на мечот птотив Барселона.

