Барселона го објави составот на играчи за натпревар од 7. коло на шпанската Ла Лига против Реал Мадирид. Голманот Марк-Андре тер Штеген и дефанзивецот Самуел Умтити нема да можат да му помогнат на својот тим. По пауза поради повреда, во составот се враќа одбрамбениот играч Жорди Алба .
Тер Штеген игра за каталонскиот тим од 2014 година. Претходно, тој ги бранеше боите на Борусија Менхенгладбах. Во последната сезона од шпанскиот шампионат , тој прими 36 гола на 36 натпревари. Договорот на играчот важи до летото 2022 година.

Натпреварот од 7. коло меѓу Барселона – Реал Мадрид ќе се одигра денес, на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона од 16 часот. Барселона досега има освоено 7 поени од 4 натпревари и се наоѓаат на 10-то место, додека Реал е на 3-то место со 10 поени од 5 одиграни натпревари.
Минатата сезона на „Камп Ноу“, Барселона и Реал одиграа без голови, додека во Мадрид, славеше со 2:0.

