Фудбалерите на Манчестер Сити имаа непријатна ситуација во воздух додека летаа кон Лондон. Летот на „граѓаните“ кон Лондон бил пренасочен поради технички проблем со авионот со којлетале, откриваат британските медиуми.
Сите играчи и тренери на тимот беа во авионот. Денес Манчестер Сити ќе гостува кај Вест Хем во натпревар од следната рунда во Премиер лигата. Почетокот на натпреварот е во 13:30 часот.
Авионот полетал без никакви проблеми, но поради техничка неисправност требало да слета на меѓународниот аеродром Стенстед, кој е оддалечен 33 милји од првичната дестинација. Тимот на Пеп Гвардиола пристигнал во хотелот со мало задоцнување, но без други проблеми.

