Македонскиот репрезентативец и член на Наполи, Ељиф Елмас е негативен на вториот тест за коронавирус кој го направи екипата на Наполи, во карантинот во Неапол.
Елиф Елмас поради позитивен тест на коронавирус , не беше дел од октомврискиот собир на нашата репрезентација, но по изолацијата која ја мина се утврди дека тестовите се негативни и дека македонскиот интернационалец го победил коронавирусот.

Оваа информација денес ја споделија од Наполи, од каде истакнаа дека фудбалерот е повторно на тренинзите. Претходно имаше информација дека има негативни тестови на ковид-19 во Наполи, но медиумите погрешно ја пренеле веста, затоа што се работело за оние кои биле новотестирани, а не нашиот Елмас и неговиот соиграч Зиелински.
Тешко е да се поверува во тоа дека Елмас би можел да се најде во составот на Наполи за гостувањето кај Беневенто утре од 15 часот.

