Манчестер Јунајтед нема остварено ниту една победа во првите три домашни натпревару од англиската Премиер лига и го повтори антирекордот од сезоната 1972/73, објави Опта Спорт.
Фудбалерите на Оле Гунар Солсјкер загуби на домашен терен од Кристал Палас (1:3), загубија од Тотенхем (1:6) и ремизираа со Челзи (0:0). Следниот натпревар на домашен терен „црвените ѓаволи“ го играат против Арсенал на 1 ноември.
Манчестер Јунајтед освои седум бода во пет кола од англискиот шампионат и се наоѓа на 15-то место на табелата. Лидер е Евертон (13) заедно со Ливерпул кој има ист број на бодови, но натпревар повеќе. Минатата сезона, Манчестер Јунајтед заврши на третото место во англиската Премиер лига со 66 бода.

