Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро се повреди на натпреварот од 6.коло на Премиер лигата против Вест Хем (1:1).
Според информацијата која ја објави „Sky Sports“, 32-годишниот Аргентинец дефинитивно ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј, иако се уште не е познато колку е сериозна повредата. Агуеро неодамна се врати на тереното по операцијата на коленото и долгата рехабилитација.
Оваа сезона напаѓачот учествуваше на само три натпревари од сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол.

