Денес, 25 октомври, напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо беше тестиран за инфекција со коронавирус. Резултатот од тестот на португалскиот фудбалер повторно беше позитивен, објави „Тутоспорт“.
Според изворот, на Роналдо му оди добро и продолжува да тренира самостојно. Да потсетиме, на 13 октомври стана познато дека Роналдо се разболе од коронавирус. Следниот ден, 35-годишниот фудбалер реши да се врати во Торино и таму да го помине карантинот.
Ова се должи на фактот дека во Италија правилата се разликуваат од Португалија и Кристијано ќе треба да биде во изолација 10 дена, наместо 14.

