Играчот од средниот ред на Барселона и бразилската репрезентација Филипе Кутињо се повреди, се наведува на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб.
Бразилскиот фудбалер беше подложен на лекарски преглед, при што на играчот му беше дијагностицирана повреда на бицепсниот мускул на левата нога. Времето за закрепнување на Кутињо не е објавено.
Да потсетиме дека Филипе Кутињо учествуваше во натпреварот од 7-то коло на Шпанската примера со Реал Мадрид (1:3) и помина 90 минути на теренот. Оваа сезона, играчот за врска постигна еден гол и 2 асистенции на пет натпревари во Шпанското првенство. Барселона има освоени 7 бода од почетокот на сезоната и се наоѓа на 10-то место на табелата.
Веќе во среда Барселона ја очекува тешко гостување во Лигата на шампионите кај Јувентус во Торино,но на оваа средба нема да го видеме дуелот меѓу Роналдо и Меси поради позитивниот тест на Роналдо на коронавирусот.

