Првиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума и крилото Јенс Питер Хауге беа позитивни на последните тестови за КОВИД-19.
Веста официјално ја потврди клубот, што значи дека двајцата сигурно го пропуштаат денешното дерби со Рома, што е последен натпревар од петтото коло во Серија А.
Други тројца вработени во Милан исто така дадоа позитивни резултати. Ниту еден од заразените нема симптоми, но во секој случај мора да бидат изолирани.
Ударот е сериозен за лидерот во Серија А, кој мора да се справи без италијанскиот репрезентативец Донарума. Ова значи дека еден овие двајца ќе им се прикличат на Габиа, Мусакио и Ребиќ кој исто така го пропуштаат мечот со Рома. Претходно имаше неколку случаи на играчи на Милан кои беа погодени од вирусот. Претходно, позитивни на КОВИД-19 беа и Матео Габиа, Лео Дуарте и Златан Ибрахимовиќ.
