Напаѓачот на Манчестер Сити, Сехио Кун Агуеро може да биде надвор од терените околу еден месец. Ова го откри менаџерот на тимот Пеп Гвардиола.
32-годишниот Аргентинец заработи истегнување на бутниот мускул за време на мечот со Вест Хем и сега повторно е надвор од комбинација за настап во неговата екипа.
„Кога не играте четири или пет месеци поради проблем со коленото, секогаш постои ризик од повреда кога ќе се вратите во игра. Ние се обидовме да се справиме со ситуацијата на најдобар начин играјќи ја 50-55 минути по натпревар, но ова се покажа како недоволно за да влезе во вистинскиот ритам. Се надевам дека ќе се врати што е можно побрзо. Сè зависи од повредата. Во најдобар случај, тој ќе се врати за 10-15 дена, но може да отсуствува 3-4 недели“, рече Гвардиола.
Ова е уште еден проблем за тренерот, кој не може да смета на Нејтан Аке, Габриел Жесус, Фернандињо и Бенџамин Менди.
Големиот проблем за „граѓаните“ е што во моментов остануваат без класичен напаѓач. Тренерот призна дека сакал да донесе играч во нападот изминатото лето, но клубот не можел да си дозволи таква инвестиција.