Главниот тренер на Интер, Антонио Конте ги сподели своите очекувања од натпреварот од 2-ри натпревар со Шахтјор во групната фаза од Лигата на шампионите.
„Шахтјор е силен тим, има многу Бразилци кои се добри тактички, технички и се многу брзи. Никогаш не сум видел како овој тим игра пасивно. Невозможно е да се постигнат три гола против Реал Мадрид случајно. Очекуваме да имаме добар натпревар и да го одиграме она што го подготвивме на теренот. Ги гледавме и анализиравме натпреварите на Шахтјор, и тие го сторија истото. Силен тим кој не случајно е во врвот на европскиот фудбал. Тие имаат многу одлични играчи“, објави Антонио Конте.
Натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу Шахтјор и Интер ќе се одигра вечерва со почеток од 18.55 часот.

