Предводникот на Реал Мадрид Зинедин Зидан пред натпреварот од 2.коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Борусија Менхенгладбах даде интересна изјава.
„Нашата игра на Ел Класико е токму она што треба да го покажеме вечерва. Одигравме одлично, се боревме како тим и што е најважно, ќе се обидеме да го сториме истото вечерва. Треба да го повториме она што го покажавме викендов. Ја знаеме ситуацијата пред нашиот втор натпревар во Лигата на шампионите. Мораме да останеме фокусирани 90 минути, да се бориме до крај. Ќе биде тежок натпревар. Треба да се фокусираме на она што го правиме на теренот “, – изјави Зидан за официјална веб-страница на УЕФА.
Натпреварот Борусија – Реал се игра вечерва од 21 часот на „Борусија парк“ во Менхенгладбах.