Шкодран Мустафи одби да потпише нов договор со Арсенал и го извести клубот дека сака да си замине по крајот на сезоната, кога истекува неговиот сегашен договор.
Лацио и Наполи се заинтересирани за 28-годишниот Германец, кој во јануари ќе има право да потпише преддоговор со друг клуб и да замине како слободен агент следното лето. Од друга страна, Арсенал мора да одлучи дали ќе се обиде да го продаде Мустафа уште во јануари, за да може сепак да добие нешто за него.
Германецот одигра значајна улога во изборот на Артета откако Шпанецот стана менаџер на тимот. Сепак, на крајот на минатата сезона, тој се здоби со повреда на препоните што го оневозможи да продолжи со континуиран настап. Мустафи се врати во составот на Арсенал на мечот со Рапид (Виена), а влезе на местото на Давид Луис, кој беше повреден на дуелот со Лестер.

