Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солсјкер, сепак сака да го има напаѓачот Ерлинг Халанд во својот тим, објавија медиумите во Англија.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд останува главна цел на норвешкиот тренер. Тие одржуваат добри односи откако работеа заедно во Молде, и покрај неуспешните преговори на Јунајтед со агентот на играчот Мино Рајола минатата зима.
Потоа беше повторно на мета на Манчестер Ј. откако во последната сезона од Бундеслигата, Халанд одигра 15 натпревари и постигна 13 погодоци. Ерлинг оваа сезона веќе има 5 гола на 5 натпревари од германскиот шампионат.

