Екипите кои се дел од фудбалската Лига на шампиони немаат многу време за одмор во набиениот календар.
Денес е време да се одигра првиот дел од натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите. На терените во Европа повторно ќе се играат интересни натпревари каде ќе се борат екипите за нови бодови во елитното натпреварување. Иако нема судир меѓу некои од големите европски гиганти, секако можеме да очекуваме доста интересни и неизвесни средби.
Шампионот Баерн (Минхен) во првото коло славеше со 4:0 над Атлетико Мадрид во првото коло во групата „А“. Сега Баварците гостуваат кај Локомотив (Москва) во обид да запишат нови три бода на своето конто. Во исто време Атлетико Мадрид нема право да направат уште една грешка на домашен терен против РБ Салцбург.
Во групата “Б” е исто така ќе биде доста интересно. Реал Мадрид претрпе изненадувачки пораз од Шахтјор (Доњецк) со 2:3 и сега ќе мора да се опоравува од шокот на гостувањето кај Борусија (Менхенгладбах). На другиот натпревар од групата, украинскиот Шахтјор Доњецк е домаќин на Интер кој во првото коло одигра нерешено со Борусија Менхенгладбах.
Еден од најинтересните натпревари се чини е дуелот меѓу Олимпик Марсеј и Манчестер Сити на „Велодром“. Другиот натпревар во групата Ц е помеѓу Порто и Олимпијакос.
Во групата „Д“,на „Енфилд“, Ливерпул го пречекува Мидтјиланд и е огромен фаворит за освојување на три бода. Вториот натпревар во групата се игра во Италија, каде Аталанта и Ајакс според моменталната форма треба да одиграат отворен и ефикасен натпревар.
Фудбал, Лига на Шампиони – денес на програмата средби од 2 коло
Група А
18.55 Локомотив Москва – Баерн Минхен
21.00 Атлетико Мадид – Салцбург
Група Б
18.55 Шахтјор Донецк – Интер
21.00 Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид
Група Ц
21.00 Олимпик Марсеј – Манчестер Сити
21.00 Порто – Олимпијакос
Група Д
21.00 Аталанта – Ајакс
21.00 Ливерпул – Мидтјиланд

