Белгискиот шампион Клуб Бриж на социјалната мрежа „Твитер“ објави информација дека кај сите играчи кои биле тестирани на коронавирус се негативни.
Голманот Симон Мињоле, дефанзивецот Одилон Косуну и напаѓачот Михаел Крменчик беа заразени и не беа во составот на екипата. Од оваа причина, играчите не беа дел од тимот во натпреварите од Лигата на шампионите против Зенит (2:1) и Лацио (1:1).
Се очекува тројцата фудбалери да бида во комбинација за настап на следниот натпревар кој Клуб Бриж го игра во шампионатот на Белгија, утре (сабота) против Мехелен од 20.45 часот.

