Ирскиот тим Дандалк загуби од лондонски Арсенал (3:0) во натпреварот од второто коло од групната фаза од Лигата на Европа.
Арсенал дојде до водство во финишот од првото полувреме кога со головите на Нкетија и Вилок поведоа со 2:0, а на стартот на вториот дел со голот на Пепе зголемија на 3:0 што беше и конечен резултат на оваа средба. Интересен податок за оваа средба е тоа што Дандалк стана првиот клуб во историјата на Лига Европа што не направил прекршок за време на еден натпревар.
Во исто време, фудбалерите на Арсенал направија 20 прекршока, а главниот судија на средбата, Филип Глова, не покажа ниту еден жолт картон.
Арсенал има шест бода, го зазема првото место на табелата во групата Б. Дандалк е на последното, 4-то место без бодови. Во следното коло, Арсенал ќе игра на домашен терен со Молде, додека Дандалк ќе игра против Рапид. Натпреварите ќе се играат на 5 ноември.

