Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен не е задоволен од неговиот статус на резерва на „Џузепе Меаца“, како и од постојаните прашања во врска со неговата форма.
„Зошто играм малку во Интер? Прашајте го Конте. Побарајте го и прашајте го, бидејќи одлуката е негова. Има многу подеми и падови во фудбалот. Многу малку се во можност да одат само нагоре“, рече данскиот играч за врска.
„Подобро е да не размислуваме за критики. Секој овде во Италија има право на мислење. Треба да им верувам само на блиските и да ги игнорирам другите “, остро одговори Ериксен.
По трансферот од Тотенхем во Интер, Ериксен има одиграно 21 натпревар и постигнато 1 гол.

