Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе има уште едно дополнително тестирање во пресрет на натпреварот на Италијанската Серија А со Специја кој е на програмата во недела (1 ноември), објавија медиумите во Италија.
Според изворот, ако резултатот од новиот тест се покаже негативен, Роналдо ќе може да се приклучи на тимот и да учествува во натпреварот. Претходно стана познато дека тестот на Роналдо за КОВИД-19 даде негативен резултат и играчот го напушти режимот на самоизолација.
Роналдо за прв пат се покажапозитивен на коронавирус на 3 октомври. Следниот ден, 35-годишниот фудбалер реши да се врати во Торино и таму да го помине карантинот. Ова се должеше на фактот дека во Италија правилата се разликуваат од Португалија и Кристијано требаше да биде изолиран 10 дена наместо 14 дена. Кристијано се надеваше дека ќе се врати во редовитена својата екипа за натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите, но не успеа во тоа.

