Тенисерката од Ромаија, Симона Халеп, преку „Твитер“ соопшти, дека има позитивен тест на корона-вирусот и дека ќе ги откаже сите турнири до крајот на годинава бидејќи ќе замине во самоизолација.
Таа последниот настап го имаше на терените на Роланд Гарос во Париз кога загуби од 19-годишната Свјонтек.
Халеп во последниве 7 сезони постојано ротира од првото на второто место и обратно на ВТА листата што е најдолга серија по ерата на Штефи Граф која таков ефект имаше во 11 сезони.
