Еден од водечките играчи на Лацио, играчот за врска Луис Алберто изјави дека се заразил со коронавирусот.
Како што пренесува „Gazzetta dello Sport“, фудбалерот самиот изјавил дека е позитивен на тестот. Претходно, Лацио изгуби цела група играчи поради инфекција, меѓу нив беа и напаѓачот Чиро Имобиле и Алберто. Тие го пропуштија натпреварот од Лигата на шампионите со Клуб Бриж (1:1).
Подоцна стана познато дека на неколку играчи од оваа група по грешка им беше дијагностицирана инфекцијата. Очигледно, немало грешка во случајот со Алберто.
На 4 ноември Лацио гостува кај Зенит во натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите. Голема е веројатноста, покрај Луис Алберто, Мануел Лазари и Денис Вавро, заедно со Гонзало Ескаланте и Анерсон да го пропуштат мечот со Зенит.

