Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, нема да настапи на натпреварот од 3.коло во групната фаза од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, објави „Кориере дело Спорт“.
Според изворот, 27-годишниот фудбалер немал време да се опорави од истегнување на мускулот на левиот бут. Ромелу Лукаку во моментов тренира индивидуално. Од таборот на „нероазурите“ сега се надеваат дека Белгиецот ќе се врати во комбинација за викенд средбата со Аталанта во италијанскиот шампионат.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Интер ќе се одигра утре на 3 ноември на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид со почеток од 21 часот.

