Вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Арселан со 0:1 во рамките на 7-то коло во англиската Премиер лига го направи стартот на оваа сезона како една од најлошите за клубот од „Олд Трафорд“ .
Како што објавија медиумите во Англија, Манчестер Јунајтед го имаше својот најлош старт во Премиер лигата во последните седум години. Екипата освои само 7 поени по 6 одиграни натпревари. Во сезоната 2013/2014, „црвените ѓаволи“ исто така имаа освоено 7 поени во 6 почетни кола под водство на Дејвид Мојс.
Ова исто така беше прв пораз на Манчестер Јунајтед во последните 14 години против Арсенал на „Олд Трафорд“. Последен пат тоа се случи на 17 септември 2006 година, кога „топџиите“ победија со 1:0 во натпреварот од 5-то коло во Премиерлигата во сезоната 2006/2007.
Манчестер Јунајтед по ова коло ќебиде на 15-то место на табелата со освоени 7 бода, постигнати 9 и примени 13 гола.
За разлика од Премиерлигата, на Манчестер Јунајтед добро му оди во Лигата на Шампионите, по првите две кола има освоено 6 бода, а веќе во среда гостува во Истанбул кај Башакшехир.

