Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо изјави дека неговиот тим нема оправдување за слабата игра и поразот од Сасуоло (0:2). Наполи го доживеа вториот последователен пораз на домашен терен, откако пред десет дена загубија со 0:1 од АЗ Алкмар во Лигата на Европа.
„Имавме многу шанси, не ги реализиравме и изгубивме. Нема смисла да застанам пред вас и да коментирам дали имаше пенал или не. Така го видоа судиите. Моја одговорност е тимот да игра добро”, рече Гатузо на прес-конференција.
„Очигледно не ни одеше добро. Сасуоло е тим што ги тера нивните противници да трчаат многу. Бевме премногу бавни. Треба да работиме напорно и да најдеме начин за подобро искористување на силните страни на Виктор Осимен. Луѓето велат дека ќе се бориме за Скудетото, но нашата вистинска цел е место во топ 4. Оваа сезона Серија А е многу силна и тешко е да се пробиеме. Сакам мојот тим да ја врати својата острина и брзина , но нормално е да се направи кикс кога играме натпревари на секои 3-4 дена“, изјави тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо.

