Торино може да му врачи отказ на својот тренер Марко Џампаоло по поразот од Лацио, пренесува „Фудбал Италија“.
Средбата од 6. коло на Серија А која се одигра во Торино на стадионот „Олимпико ди Торино“ и заврши со победа на гостите со резултат 4: 3, а Торино прими два гола во продолжението, односно во 95-та и 98-та минута од натпреварот.
Според информациите од Италија, тренерот по натпреварот ќе се сретне со управата на клубот, која ја разгледува можноста за промена на тренерот.
Во следното коло, Торино ќе се соочи со Џенова. Натпреварот треба да се игра в среда на стадионот „Луиџи Ферарис“, со почеток во 17 часот, а дали Џампаоло ќе добие уште една шанса ќе се знае денес.

