Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен, оваа зима би можел да замине на позајмица во ПСЖ, пренесува „Калочомеркато“.
Парижаните, кои беа еден од фаворитите за неговиот потпис и пред да потпише со Интер во јануари, се заинтересирани за 28-годишниот интернационалец од Данска, но не се подготвени да ги платат 7,5 милиони евра што ги бара тимот на Интер за позајмица од една сезона. Преговорите меѓу клубовите продолжуваат.
Во сезоната 2020/21, Ериксен одигра 7 натпревари за Интер. Данецот се приклучи на италијанскиот клуб од Тотенхем зимата во 2020 година за 27 милиони евра. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.

