Мечот од второто издание на Лигата на нации во фудбал меѓу Ерменија – Македонија закажан во рамките на 6. коло во втората група од Ц сегментот, ќе се одигра на неутрален терен на Кипар.
Според најавите, дуелот закажан за 18 ноември ќе биде одигран на стадионот во Никозија бидејќи Ерменија е во воен конфликт со Азербејцан и не може да да биде во улога на домаќин на нејзиниот терен.
Потврда за веста треба да дојде и од УЕФА која претходно најави дека сите федерации треба да имаат алтернативен терен доколку не може да го организираат мечот во нивната земја.

