Најдобриот фудбалер и воедно стрелец во редовите на Интер, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе мора да го пропушти утрешниот натпреварот со Реал Мадрид во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите.
Корпулентниот напаѓач од почетокот на сезоната само на два меча не успеа да се запише во листата на стрелците.
Како стојат работите, Шпанците и калчо-лигашот токму на утрешната пресметка ќе ја бркаат првата победа во новата сезона. „Кралевите“ имаат пораз и реми а Интер има две нерешени.

