Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува тежок меч против Аталанта во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите.
Германскиот стратег кој има огромни проблеми да ја состави дефанзивата, вели дека тимот од Италија се вбројува меѓу најефиксаните во Европа и дека неговите избраници ги очекуваат пеколни 90-ет минути.
„Имаме проблеми со повредени фудбалери иако дел од нив се вратија на тренизите. Аталанта е голем предизвик за секој тим бидејќи игра крајно офанзивен фудбал“- потенцираше тренерот на „црвените“ пред денешниот дуел во Бергамо од 21.00 часот.

