Тоа што се најавуваше доби потврда и од УЕФА. Мечот во Лигата на нации меѓу Ерменија и Македонија закажан на 18 ноември од 18 часот, ќе се одигра на стадионот во Никозија.
Бидејќи Ерменија е во воен конфликт со Азербејџан, Европската куќа на фудбалот даде зелено светло средбата да се одигра на неутрален терен на Кипар.
Од истата причина и Азербејџан ќе мора да бара алтерантивен стадион на кој ќе го одигра наредниот меч во тековната сезона во Лигата на нации.

