Манчестер Сити се подготвува да му понуди договор на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси , пренесува „Мундо Депортиво“.
Според истите информации, во јануари 2021 година од Манчестер Сити ќе му дадат понуда на Аргентинецот. Капитенот на Каталонците ќе може да започне преговори со клубовите, бидејќи има шест месеци пред истекот на договорот со Барселона. Искористувајќи ја неизвесноста што постои во каталонскиот клуб поради оставката на претседателот Хосеп Марија Бартомеу и неговиот управен одбор, како и претпоставката за ново раководство, англискиот клуб сака да го убеди Меси да се пресели во Манчестер Сити.
Меси ги брани боите на Барселона од 2003 година. Со оваа екипа има освоено вкупно 34 трофеи. Во последниот преоден рок, Лео сакаше да го напушти клубот, но подоцна реши да остане на „Камп Ноу.

