Напаѓачите на Зенит (Санкт Петербург) Сердар Азмун и Себастијан Дриуси ќе го пропуштат натпреварот од третото коло во групата „Ф“ од Лигата на шампионите против Лацио. Ова го соопшти на прес-конференција тренерот на рускиот тим Сергеј Семак.
Зенит е домаќин на Лацио во Санкт Петербург утре , 4 ноември. Италијанскиот тим е лидер на табелата во оваа група со 4 бода, а Русите немаат освоено бод по првите два меча.
„Азмун тренира според индивидуална програма, тој не е подготвен за овој меч. Дриуси не е подготвен, Малком го продолжува лекувањето, исто така повреден е Леон Мусаев, а Дмитриј Чистјаков не е вклучен составот за Лигата на шампионите. Овие се пет играчи кои не можат да ни помогнат утре“, рече Семак и додаде дека Артем Џиуба може да игра и ќебиде во нападот на Зенит.

