Лацио нема да може да смета на голем број клучни играчи на претстојниот натпревар од 3.коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Зенит.
Според „Кориере дело Спорт“, напаѓачот Чиро Имобиле и играчот за врска Лукас Леива нема да му помогнат на својот тим на оваа . Тие учествуваа на последниот тренинг на тимот пред заминувањето, но не заминаа во Русија. Одлуката е веројатно поврзана со избувнувањето на коронавирусот во тимот.
Имобиле е најдобар стрелец на Лацио оваа сезона. 30-годишниот напаѓач има 4 гола на 6 натпревари во сите натпреавувања. 33-годишниот Лукас Леива е главниот дефанзивен играч на римскиот тим.
Натпреварот Зенит – Лацио ќе се одигра утре на стадионот „Гаспром Арена“ во Санкт Петербург со почеток во 18.55 часот.

