Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу, воопшто не стравува од денешното гостување кај Барселона рамките на третото коло во Лигата на шампионите. Украинците иако бараа од УЕФА да го одложи мечот бидејќи имаат повеќе играчи заразени со ковид-19, сепак ќе мора да излезат десеткувани на стадионот – „Камп Ноу“.
„Мислам дека мечот требаше да биде откажан. Сега ќе играме со тоа што го имаме. Мислам дека Барселона го нема потребниот квалитет да ја освои Лигата на шампионите“ – вели Луческу.
„Лео Меси е многу значаен играч, но, ја нема поддршката од целата екипа. Мислам дека на новиот тренер му треба најмалку 6 месеци за да ја постигне целта“ – изјавил Луческу.

