Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота потврди со својот настап на вчерашниот натпревар со Аталанта дека се наоѓа во одлична форма.
Жота беше стрелец на три гола на оваа средба, во 16, 33 и 54. минута и со овој хет-трик успеа да стане првиот фудбалер кој има постигнато три хет-трика во Лигата на шампионите и Лигата на Европа комбинирано.
Исто така Диого Жота го пoстигна 10-от хет трик за Ливерпул во европските натпреварувања, тоа им успеало на девет фудбалери, само Грем Сунес постигнал два.

