Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген се опорави од повредата и е подготвен да игра. Од „Камп Ноу“ објавија дека германскиот голман веќе има лекарска дозвола и е на располагање на тренерот Роналд Куман.
На Тер Штеген му беше извршена операција на тетива на десното колено по крајот на минатата сезона. Во четвртокот тој го одработи целосно тренингот, но не влезе во групата за мечот со Алавес.

Не е јасно дали тој ќе биде во почетниот состав на денешниот натпревар со Динамо (Киев) во Лигата на шампионите. Куман го стави во составот за вечерашната средба, но не објави дали Тер Штеген ќе започне во стартниот тим или ќе биде на клупата за резервни играчи.

