Ливерпул постави рекорд во групната фаза од Лигата на шампионите, на натпреварот против Аталанта на гостински терен.
Победата на Ливерпул беше најголема за англискиот тим над противник од Италија на гостување во историјата на европските натпреварувања.
Ливерпул е водечка екипа во својата група,со максимални 9 бода, пред Ајакс и Аталанта. Да потсетиме дека Ливерпул е шесткратен победник во Лигата на шампионите. Последен пат „црвените“ го освоија ова европско натпреварување во сезоната 2018/2019 кога го добија Тотенхем во финалето.

