Играчот за врска на Челзи, Каи Хаверц беше изоставен од составот за натпреварот против Рен во Лигата на шампионите, бидејќи е заразен со коронавирус.
Ова го објави менаџерот на „сините“ Френк Лампард пред почетокот на натпреварот, објаснувајќи зошто Хаверц не е во составот на екипата.
21-годишниот Хаверц постигна четири гола на десет натпревари од почетокот на сезоната за „сините“. Тој беше привлечен летото од екипата на Баер (Леверкузен) за сума од 71 милион фунти. Челзи беше успешен на мечот со Рен и славеше на оваа средба со 3:0 со што се лидери на табелата во групата Е, заедно со Севиља со 7 освоени бодови.

