Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е задоволен од резултатот, но не и од играта на неговиот тим во победата од 4:1 над Ференцварош како гостин во Лигата на шампионите.
Алваро Мората постигна два гола, а неговата замена Пауло Дибала искористи две грешки на противничките играчи од одбраната за да го зголеми резултатот. Френк Боли постигна почесен погодок за Унгарците во последната минута.
„Резултатот е добар, но не и играта. Направивме премногу грешки и има уште многу да се подобри. Многу зборувам со напаѓачите за да бидат по комбинаторски во нападот, но тие се тие што одлучуваат на теренот. Нашите играчи во напад не требаше да да бидат толку себични пред голот и мораше многу порано да ја прекинат неизвесноста на натпреварот“, изјави Пирло.
Играчот за врска Артур Мело започна како стартер во средниот ред, но се чувствувал лошо и на паузата беше заменет со Родриго Бентанкур.
„Артур не беше добро од почетокот и бевме подготвени да го смениме во 20-та минута, но тој сакаше да го заврши полувремето. Тој е болен и му беше тешко да дише и да трча”, додаде Пирло.

