Играчот на Евертон, Хамес Родригез ќе се врати во игра за саботното дерби со Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите од Ливерпул.
Колумбиецот се здоби со повреда која Карло Анчелоти ја опиша како „мала“. Ова се случи за време на дербито со Ливерпул. Хамес потоа учествуваше на следниот натпревар на Евертон против Саутемптон. На крајот од овој натпревар, сепак, поранешниот играч на Реал Мадрид повторно почувствува болка, поради што го пропушти гостувањето кај Њукасл.
Сепак, последните информации кои беа објавени велат дека процесот на враќање на Хамес се одвива добро и Анчелоти е убеден дека ќе може да го користи играчот на важниот натпревар со Манчестер Јунајтед.

