Победата на Челзи со 3:0 против Рен во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите беше шести по ред натпревар на голманот Едуард Менди, без примен гол во сите натпреварувања.
Менди во првиот натпревар за Челзи го прими единствениот гол во дуелот против Тотенхем (1:1, на пенали 4:5) во англискиот Лига куп. Сенегалскиот голман се пресели во Челзи од Рен на 24 септември 2020 година за цена од 24 милиони евра. Менди беше на голот на Челзи на вкупно 7 средби, а на последните 6 е со „сува мрежа“ односно не прими гол, а тоа се дуелити со Севиља, Краснодар и Рен во ЛШ,односно Кристал Палас, Манчестер Јунајтед и Барнли во Премиерлигата.
Во сабота на 7.ноември Челзи го пречекува тимот на Шефилд Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“, а тоа значи дека е можно Менди да остане повторно несовладан.

