Италијанскиот тим Милан планира да ги откупи правата на играчот за врска Браим Дијаз од Реал Мадрид, кој во моментов игра на позајмица во италијанскиот клуб, пренесуваат медиумите во Италија.
Претставниците на „росонерите“ ќе започнат преговори со Реал Мадрид за трансфер на 21-годишниот Шпанец. Беше објавено дека Милан е подготвен да плати 25 милиони евра за играчот од средниот ред.
Во сезоната 2020/2021, Дијаз има 3 гола на 8 натпревари за Милан, а неговата цена според „Transfermarkt.com“ се проценува на 14 милиони евра.

